spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Нов плоштад “СЛОБОДА” и парк

Бутел: Нов плоштад “СЛОБОДА” и парк

СО СРЦЕ, ЗА ИДНИНАТА НА ОПШТИНА БУТЕЛ

Во дворот на ООУ “Живко Брајковски” на местото на разрушениот и пропаднат објект се изгради нов рекреативен центар со нов плоштад и нов парк.

Новиот парк се протега на 2000 метри квадратни, а новиот плоштад на 500 метри квадратни. Покрај тоа, новиот рекреативен комплекс содржи и нова пешачка патека, којашто ќе го поврзува плоштадот со училиштето, зеленило и
ново осветлување.

За првпат се изгради и амфитеатар, којшто граѓаните ќе можат да го користат, но и сите ученици за разни манифестации.

Ова е едно големо барање на жителите на населбата Бутел 1, кое се реализира.

Запуштениот, разрушен објект кој ја нарушуваше безбедноста на граѓаните, замина во историја.
Градиме иднина за граѓаните на општина Бутел.

Општина Бутел се менува, ветувањата кон граѓаните се исполнуваат.

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...