spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - За квалитетно образование на децата со посебни образовни потреби,...

МОН: Шаќири – За квалитетно образование на децата со посебни образовни потреби, неопходно е секој од нас да ја прифати инклузијата

Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје има благородна мисија да школува кадри без кои не може да се реализира заложбата за квалитетно образование достапно за секое дете. Специјалните едукатори и рехабилитатори се дел од инклузивните тимови во основните и средните училишта, а како стручни лица овозможуваат целосно реализирање на улогата на основните училишта со ресурсен центар во поддршката на учениците, на родителите или старателите, на воспитно-образовниот кадар и на пошироката општествена заедница, за да можат да одговорат на различните потреби на децата и младите.

Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири во поздравниот говор на Меѓународната научна конференција во Охрид, посветена на специјалната едукација и рехабилитација, со која се одбележува 30 годишниот јубилеј на Институтот што обезбедува образование и стекнување вештини во областа на специјалната едукација и рехабилитацијата, по највисоки стандарди.

Како општество определено кон еднаквост и недискриминација, превенирање и сузбивање на стереотипите и елиминирање на предрасудите, и во образованието имаме стратешка цел да обезбедиме воспитно-образовен процес по мерка на ученикот, земајќи ги предвид индивидуалните потреби за развој. Согласно новата Концепција за основно образование и посебната Концепција за инклузивно образование, правото на квалитетно образование како право на секое дете, најдобро се остварува ако децата, вклучително и тие што имаат посебни образовни потреби, учат заедно, во иста образовна средина“, рече министерот.

Говорејќи за актуелната состојба со инклузивното образование, Шаќири наведе дека расте опфатот на деца со посебни образовни потреби во редовните основни училишта а за нив, од учебната 2021/22 Министерството за образование и наука обезбедува образовни асистенти. Годинава, со основците работат повеќе од 800 образовни асистенти, а пред две години беа 500.