spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Граѓаните да аплицираат за субвенции за огревно дрво

Кисела Вода: Граѓаните да аплицираат за субвенции за огревно дрво

Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање на дел од трошоците за купување на дрва за огрев. Од денес, па во наредните 5 дена жителите на општината кои набавиле огревно дрво во периодот од 01 април 2023 година, можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар кубен (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар просторен (1 метар просторен) дрва за огрев но до максимална вкупна количина до 14 метри просторни (14 метри просторни).

 

Барањaта за субвенционирање и доказот за оствареното купување во форма на потврда, испратница или останат документ (фотокопија) кој треба да биде со датум од 01 април 2023 година, се поднесуваат заедно со останатата потребната документација во затворен плик преку Архивата на општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката.

Целокупната потребна документација и критериумите за добивање на субвенции се достапни на општинската веб страница на следниот линк:

https://kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Oglas5434.pdf

Архивата на општина Кисела Вода примените барања ќе ги евидентира со точно време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување на редослед по кој ќе се разгледуваат и прифаќаат барањата на база прв дојден – прв услужен и се до исполнувањето на предвидените финансиски средства од 1.200 000, 00 денари со вклучен персонален данок.

Јавниот повик ќе трае вкупно 5 (пет) работни дена сметано со денот на објавувањето.

Општина Кисела Вода преку најразлични субвенции ги помага своите жители. Покрај субвенциите за огревно дрво, веќе обезбедивме финансиска поддршка и за печки за пелети, за пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови  во станбени згради на подрачјето на општината.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...