Општина Гази Баба апелира до граѓаните да не ги уништуваат детските игралишта, со што им го уништувате просторот на најмладите за игра и забава, а се огрдува и околината и просторот, за кои се грижиме да ги направиме подобро место за живеење на сите граѓани на нашата општина.
За помалку од еден месец откако е направено детското игралиште кај плоштадот во Автокоманда, реквизитите видливо се уништени од вандали и стануваат неупотребливи и подложни за повреди на децата.
Комуналните служби на Општина Гази Баба секојдневно работат на одржување и разубавување на јавните површини на нашата територија, но со ова темпо на уништување од несовесни граѓани на детските игралишта и јавните површини, службите неможат да постигнат со санации и реконструкции на истите.
Да бидеме одговорни и совесни граѓани и заедно да се грижиме за околината во која живееме.
Извор: Општина Гази Баба