spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Македонските каратисти на СП во Будимпешта

АМС: Македонските каратисти на СП во Будимпешта

Агенцијата за млади и спорт е местото од каде по традиција ги испраќаме нашите каратисти на сите меѓународни натпревари и секогаш тие не наградуваа со медали.

Од таа причина се организираше прес конференција по повод престојното СП во карате, кое од – 24-29 овој месец ќе се одржи во Будимпешта.

– Добив информација од челните луѓе на федерацијата за успешно реализирана соработка на тренинг кампот во Охрид,  карате елитата од Хрватска, и се надевам дека споделеното искуство ќе биде мотив плус за подобри резултати во Будимпешта.

Посакувам на сите репрезентативци успешен настап на светското првенство, и секако сакаме повторување на остварениот медал на Емил Павлов и успешен настап на новите сениори во тимот, истакна директорот на АМС Наумче Мојсовски.

На пресот свои излагања имаа селекторите Александар Кузмановски и Стојан Андриевски, како и претседателот на КФМ, Бесник Мурати.

Сите претставници од репрезентацијата присутни на пресот, меѓу кои Емил Павлов, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Вероника Костовска, беа со ист став дека физички и психички се подготвени за остварување на високи резултати, кои би дошле благодарение на одличните припреми и позитивната атмосфера во тимот.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте