spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Со разговори до решение, обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар...

МЗШВ: Со разговори до решение, обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски одржаа средба со претставници на лозарите од Тиквешијата.

Денешната средба доаѓа по вчерашното упатено барање до министерот од група лозари за средба, на која се слушнаа и детaлно разгледаа нивните барања.

Барањето на групата лозари до министерството беше да се креира интервентна мерка од 5 денари за предадено винско грозје. Од страна на министерот Николовски и државниот советник Димковски, пред лозарите на средбата детално беше презентиран предлогот кој е даден до подсекторската група за најмалку 12.000 денари по хектар поддршка на лозарите за произведено винско и трпезно грозје.

Со ваквата предлог мерка за поддршка по хектар произведено грозје, се дава поддршка на сите лозари. Поради болеста оваа година штета по родот претрпеа сите лозаропроизводители, па одттука како министерство сметаме дека чесно и правично е поддршката да ги опфати сите лозаропроизводители.

Информираме и дека на состанокот заеднички беше донесен заклучок дека од интерес на лозарите е поддршката на министерството да биде по хектар произведено грозје. На состанокот е договорено, до крајот на месец октомври, по завршување на сите потребни анализи за трошоците, на нова средба заедно со лозарите биде дефиниран и износот на поддршка по хектар.

Министерот Љупчо Николовски на средбата ги информира лозарите за новиот закон за вино, кој е подготвен и се наоѓа во Собраниска процедура, каде точно се утврдува начинот за креирање на откупнате цена на грозјето и побара поддршка од лозарите за заеднички да се направи притисок до крајот на оваа година овој важен закон биде донесен од страна на Собранието.

Исто така министерот Николовски информира дека во завршна фаза се активностите за модернизација на системот за наводнување Марена, кој се очекува до крајот на оваа година да биде завршен во целост со поставување на шест нови пумпи. Лозарите веќе од следната сезона ќе можат без проблем да го користат овој систем за наводнување.

Како министерство сите овие години во дело сме докажале дека сме искрен партнер на лозарите. Дека се грижиме и даваме поддршка за секој еден земјоделец. Ние сме министерство кое ги слуша земјоделците и своите одлуки секогаш ги носи во директна консултација со земјоделците и постојаните подсекторски групи на министерството.

Оваа Влада и министерство секогаш била на страната на лозарите, а нашата грижа за секој еден земјоделец продолжува.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...