spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Светски ден на Вранецот: Мерките кои ги креираме за винскиот сектор...

МЗШВ: Светски ден на Вранецот: Мерките кои ги креираме за винскиот сектор даваат резултати, македонското вино го позиционираме високо на светската винска мапа

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Црна Гора, г-дин Владимир Јоковиќ присуствуваа на манифестацијата „Светскиот ден на Вранецот“, која традиционално по петти пат се организира од страна на здружението „Вина од Македонија“.

Станува збор за значаен вински настан, каде на едно место се обединуваат домашните и регионални производители на вино, вински есперти и љубители на виното кој можат да разменат нови искуства за сортата вранец.

Оваа година на манифестацијата „Светскиот ден на Вранецот“ учество земаа повеќе винарии до Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово, претставувајќи се со повеќе од 50 вина вранец.

„За нас како министерство и Влада лозарството и винарството се едни од најважните сектори. Низ сите овие години тоа повеќе пати и на дело сме го докажале, посветувајќи сериозно внимание, креирајќи мерки и политики за поддршка и развој на лозарството и винската индустрија, како и силна домашна и меѓународна промоција на нашето убаво македонско вино“ истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Како министерство секогаш сме отворени за соработка со земјоделците и здруженијата на земјоделците, остварувајќи одлична соработка со здружението Вина од Македонија, здружението Тиквешките семејни винарии, но секогаш сме го слушаме и гласот на секој лозаропроизводител, креирајќи ги заедно мерките за поддршка на овие значајни сектори. 

„Мерките кои сите овие години заедно ги создаваме за развој на овие два сектори веќе ги даваат своите резултати. Тоа се факти и бројки со кој треба да се гордееме. Македонското вино се искачи на 13 место во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино. Од година во година бележиме зголемување на извозот на вино во шишиња, наспроти извозот на наливно вино. Изминатите седум години, од 2016 до 2022, како министерство за лозарите и винариите сме исплатиле поддршка од околу 90 милиони евра, по разни основи. Па така на пример ако го земеме само девизниот прилив од 2022 година кој изнесува околу 60 милиони евра, можеме да видиме дека само во една година сме вратиле назад во буџетската каса две третини од овој износ. Успешни резултати бележиме и во првите шест месеци од оваа 2023 година кога вкупниот извоз на вино достигнува вредност од близу 40 милиони евра“ истакна министерот Николовски.

Овие бројки само потврдуваат зошто овие два сектори се високо во приоритетите на министерството и Владата, но и дека креираните мерки, до сега, ги даваат очекуваните резултати. Низ годините наназад успеавме да го одржиме производството и површините со лозови насади, а при тоа да ја зголемиме вредноста на извезеното вино. 

Вината од Црна Гора беа дел од денешниот настан на која се обрати и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Црна Гора, г-дин Владимир Јоковиќ.

„Црна Гора ја изразува својата отвореност во однос на широката палета и понуда на вина од регионот и нашето очекување е слична позиција да имаат и нашите вина, кога настапуваат на регионалните и пошироки пазари. Тоа подразбира позиција, отвореност и укинување на постоечките бариери. Заедничката работа, создавањето на заеднички вински приказни и поврзувањето на винските патишта од регионот допринесува кон поголема промоција на меѓународните пазари“ рече Јоковиќ.

Со донесувањето на Националната стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-2033, пред нас си потавивме и нови цели. Стратегија која исто така заедно ја подготвивме, со вклученост на Вина од Македонија, малите и поголеми винарии и лозарите.

Според поставените приоритетни цели во оваа Национална стратегија за развој на винарството и лозарството, крајниот резултат кој сакаме да го постигме е да имаме зголемување за 50% во литри и евра на извозот на вино во шишиња, зголемување за 10% на вредноста на наливното вино во евра, воспоставување на најмалку три заштитени географски ознаки, минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033 година, за минимум 30% обновуање на лозовите насади и зголемување за 5% на површината под лозови насади и 4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје.

Како резултат на оваа десет годишна стратегија треба да произлезат селектирани клонови за Кратошија, Вранец и Станушина, да има јавно достапен и функционален дигитализиран лозарски катастар и развиен вински туризам со 15% зголемен број на посети во винарските визби до крајот на 2033 година.

Манифестацијата „Светскиот ден на Вранецот“ со над 1 милион денари и оваа година е финансиски поддржана од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Карпош: Салата ,,Партизан’’ со ново осветлување

0
Во рамки на реконструкцијата на спортскиот објект ,,Наум Наумовски Борче’’, познат како ,,Партизан’’, изминатиот период се поставуваше ново лед осветлување. Од целосниот простор, употребени...