HomeМинистерстваМФ: Добрите макроекономски политики го потврдија кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед...

МФ: Добрите макроекономски политики го потврдија кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед од Фич

spot_img
spot_img

Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, што е потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“. Задржувањето на кредитниот рејтинг е резултат на спроведувањето правилно дизајнирани, кредибилни и кохерентни макроекономски и финансиски политики, конзистентни со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Резултатот е особено значаен, ако се има предвид глобалното окружување и неповолните фактори, како што се техничката рецесија во СР Германија и продолжената војна во Украина.

 

Од „Фич“ очекуваат намалување на буџетскиот дефицит на 4,5% од БДП во 2023 година, кој дополнително ќе се намали во 2024 година и ќе биде на нивото од 3,4% од БДП.

Според „Фич“, зајакнувањето на фискалната консолидација следува како резултат на континуираниот напредок на Владата во управувањето со јавните финансии и воведувањето на фискални правила и Фискален совет, согласно новиот Закон за буџети.

Инфлацијата е сведена на едноцифрено ниво, а од Агенцијата очекуваат таа да продолжи да се намалува во 2024 година, како резултат на замрзнувањето на цените на храната и ценовните очекувања.

Од Агенцијата нотираат дека растот на платите и пензиите ја зголемуваат потрошувачката, а тоа ќе влијае позитивно и на економскиот раст. Приватната потрошувачка и инвестициите особено во енергетскиот сектор, како и изградбата на Коридорот 8 и 10 д ќе продолжат да го поттикнуваат растот во текот на прогнозираниот период.

Кредитниот рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што пак понатаму има влијание врз зголемувањето на економскиот раст,  извозот, вработеноста и платите.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија