spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Нухиу - Црвениот крст е важен чинител на воспитно – образовниот...

МОН: Нухиу – Црвениот крст е важен чинител на воспитно – образовниот процес во државата

Воспитно – образовниот процес не го обликуваат само институциите на системот, ниту пак, образовните установи целосно сами го спроведуваат. Многу општествени чинители даваат голем придонес во едуцирањето на младите генерации преку стекнување на потребните вештини за живот и за работа, како и прифаќање на вистинските вредности кои треба да ги направат  да бидат луѓе во права смисла на зборот – добродушни, хумани и грижливи кон околината и кон секое живо битие со кое се среќаваат. Во тој процес, Црвениот крст е еден од најважните учесници. Наш партнер кој дава голем придонес во правилниот развој на секој поединец уште од најрана возраст.

Ова го истакна заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу за време на денешната панел дискусија на тема „Модалитети и можности за обезбедување на поефикасен одговор при итни состојби“, како дел од настан на кој беше промовирана  Развојната рамка на Црвениот крст на Република Северна Македонија „Трансформација – 28”.

„Во портфолиото на оваа организација запишани се илјадници спроведени предавања во училиштата поврзани со превентива од заразни и незаразни болести. Илјадници спроведени обуки за давање прва помош, за правилно постапување при елементарни непогоди, за намалување на ризици од катастрофи, за справување со кризни ситуации и така натаму. Волонтерите на Црвениот крст се секогаш голема поддршка на наставниот и стручниот кадар во училиштата, но и на семејствата на учениците“, рече Нухиу.

Тој додаде дека младите треба да се запознаваат со мајчиниот јазик, да учат странски јазици, да имаат знаења по математика и така натаму, но како што рече, подеднакво важно е да знаат како да се грижат за своето здравје, како да си помогнат на самите себе во неочекувана ситуација, или пак да помогнат на други луѓе кога се во неволја.

„Токму за стекнување и пренесување овие вештини и способности, потребен ни е Црвениот крст и јас верувам дека како и досега, така и во иднина оваа организација успешно ќе ја исполнува својата мисија. Патем, дел од таа мисија е да поттикнува и нови волонтери да се вклучуваат во нејзиното продолжување. А младите возвраќаат и со задоволство прифаќаат да бидат дел од активностите на Црвениот крст. И, тоа значи само едно – гаранција за долговечност на оваа организација“, додаде заменик министерот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Фетаи – Ларсон Џаи: Борбата против корупцијата и владеењето на правото...

0
Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во просториите на Владата ја прими амбасадорката...