Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност:
(Slovak National Mobility Programme).
Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високо образовни институции и истражувачки организации, за академската 2023/2024 година.
Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата www.stipendia.sk и www.scholarship.sk
Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб страницата: www.scholarship.sk, најкасно до 31 октомври 2023 година, до 16:00 ч. по централно европско време.
Вебинарот со наслов „Study/research in Slovakia with the National Scholarship Programme“ ќе биде наменет за странски апликанти, а ќе се одржи во петок на
13. октомври 2023 година во 14:00 часот.
Вебинарот за странски заинтересирани страни ќе биде на англиски јазик. Подетални информации за вебинарот, како и линк за приклучување, ќе бидат објавени на веб-страниците на SAIA и Националната програма за стипендирање, односно на социјалните мрежи SAIA.
На следниот линк се наоѓа летокот со основните информации за програмата.
За дополнителни информации може да се обратите директно до:
Ms.Kristina Sallerova, e-mail: nsp-sk@saia.sk и
Ondrej Aradský, e-mail: ondrej.aradsky@saia.sk
администратори на програмата.