spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССПрва национална работилница како дел од проектот ЕФАД

Прва национална работилница како дел од проектот ЕФАД

На 05.09.2023 година Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС ја организираше Првата Национална работилница како дел од проектот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“.

Во рамките на работилницата пред присутните се претстави проктот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“. Воедно на истата работилница присутните се запознаа со Автономниот договор за дигиталицација, односно неговата цел, опсег како и имплементација.

 Присутните на работилницата беа запознаени и со истражувањето кое што го работеше КСС во изминатиот период во 6 компаниим кои што имаат позитивни примери од имплементација на дигитализацијата.

Важен сегмент од оваа Прва национална работилница беше дигиталната трансформација во Македонија, односно колку истата е застапена и какви активности се превземени. Секако беше презентирано и дискутирано како истата е регулирана согласно македонското законодавство и како КСС допринесува во целиот процес. Воедно се дискутираше и за правото на исклучување – Right to disconnect  (R2D).

Незибежно беше да се потенцира дека во Македонија пред се треба да се дефинираат некои основни термини за основите видови на работа како: Telework, Hybrid work, Work from home, Distance work, Remote work.

Првата национална работилница заврши со дискусија помеѓу учесниците за тоа како се спроведува дигитализацијата во Македонија. По опширната дискусија како генерални заклучоци беа донесени дека: дигиталицацијата во Македонија се спроведува споро но и дека постои страв од непознатото. Како причини зошто истата не е спроведена беше наведена возраста на работниците, немање желба да се смени нешто но и назначување на нестручни лица да  ја спроведат и имплементираат дигитализацијата.

 

 

Извор: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...