spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Младински соседски дијалози - Сега за иднината

АМС: Младински соседски дијалози – Сега за иднината

Агенцијата за млади и спорт како партнер на Програмата за развој на Обиденитите Нации ( УНДП) во  проектот “Млади за инклузија, еднаквост и доверба” на ден 25.10.2023 година, учествуваше  на првиот ден од дводневната  Регионална конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво  Младински соседски дијалози: Сега за иднината!, а говорник на отворањето на настанот со поздравно обраќање упати Гордана Цекова, помошник раководител на сектор млади.

Оваа дводневна конференција обединува 50 млади носители на одлуки (градоначалници, членови на општинските совети, службеници за млади, претставници на граѓанското општество и локалните младински совети) од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија на тема младинските политики  и конструктивни наративи на локално ниво.

Целта на истата е преку дијалог и споделување на знаења да се зајакне меѓусебното разбирање, конструктивните наративи и почитта кон различностите на локално ниво. Учесниците имаат за цел заеднички да ги идентификуваат успешните модели и иницијативи за учество на младите во одлучувањето на локално ниво во регионот. Преку панел сесии и паралелни работилници во текот на денот беа опфатени клучни и критични теми, вклучувајќи преглед на политиките и законските рамки за младинско учество, споделување на најдобрите практики, јакнење на капацитетите и развој на вештини, истакнување на иницијативи предводени од младите и генерирање препораки за развој на политики.

Оваа активност е во рамки на проектот “Youth 4 Inclusion, Equality & Tryst” финансиран од Фондот за градење мир на Обединетите нации, имплементиран од УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...