spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајaновски, денеска присуствуваше и ги поздрави учесниците на вториот хакатон за студентите од академиите на Brainster, за изградба на платформа преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат загадување на воздухот во Скопје. Град Скопје и интернационалната EdTech организација Brainster веќе еден месец работат на развивање на новaта апликација „Breathe.mk“ за следење и пријавување на загадувањето на воздухот која ќе даде можност брзо и ефикасно постапување на терен на градските инспекциски служби со цел справување со загадувачите.
– Особено не радува големиот интерес, иновативноста и креативноста на изработените дигитални решенија на студентите за полесно и ефикасно справување со загадувањето, како еден од главните предизвици во Скопје. Примената на дигиталните алатки има се поголема улога во справувањето со урбаните предизвици. Креираната нова платформа „Breathe.mk“ за следење и пријавување на загадувањето на воздухот, Град Скопје ќе ја користи за контрола со помош на граѓаните, преку која ќе можат да пријавуваат секојдневно за поефикасно лоцирање и санкционирање на загадувачите – се обрати Трајановски на присутните.
На двата хакатони присуствуваа повеќе од стотина учесници, кои посветено работеа на креирање и реализација на апликацијата Breathe.mk, а на денешниот хакатон присуствуваа и извршниот директор на Brainster, Александар Клашниновски, заменикот холандски амбасадор, Роберт Декер и иницијаторот на Breathe.mk, Алекс Долстра.

Прочитајте