Град Скопје: Скопје домаќин на финалето на реалното шоу „Авантурите на Балканот“

ОпштиниГрад Скопје: Скопје домаќин на финалето на реалното шоу „Авантурите на Балканот“

Најчитано

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски, денеска на Плоштадот Македонија, пред споменикот Воинот на коњ, заедно со претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, срдечно ги пречека и поздрави 20 учесници во реалното шоу „Авантурите на Балканот“.
– Ми претставува особено задоволство да ви посакам добредојде во нашиот град во име на градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје, градот со богата историја и традиција и градот кој ја доби титулата Европска престолнина на културата 2028. Во градот кој е родното место на Гонџа Бојаџиу- Мајка Тереза, препознатлив по Камениот Мост, Калето, Милениумскиот крст, Кањонот Матка, Локалитетот Скупи, кој е еден од трите антички градови, во градот на многу загатки и предизвици. Ви пожелувам успешно натпреварување и нека победи најдобриот!- кажа Трајановски.
Реалното шоу „Авантурите на Балканот“ е квиз во кој натпреварувачите во двојки решаваат загатки на темите историја, културно богатство и обичаи директно на локацијата која е поврзана со загатката. Екипата од 20 натпреварувачи, кои се поделени во три тима, досега ги има посетено сите балкански земји, а во Скопје го снимаат финалето. Изненадување за учесниците ќе биде дека ова е последната епизода од серијалот и на крајот ќе има доделување на главната награда- патување низ светот за двајца.
Реалното шоу се емитува на Радио телевизија Србија, во продукција на „Со срце низ нашата земја“, а автор на емисијата е Душан Раденковиќ.
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе