spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Мерката за „гарантирана цена“ на дел од прехранбените производи ќе важи...

МЕ: Мерката за „гарантирана цена“ на дел од прехранбените производи ќе важи до крајот на годината, акции и промоции ќе може да имаат сите земјоделски и прехранбени производи

На предлог на Министерството за економија, на денешната седница Владата донесе Одлука за престанување на важноста на Одлуката за забрана за вршење на трговија на одредена стока, односно забрана на трговците на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при ставање во промет на земјоделски и прехранбени производи.

Исто така Владата донесе и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки сцени за одделни производи на трговија на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества на одделни стоки на поттрошувачите, според која рокот за важење на оваа одлука се продолжува од 30 ноември до 31 декември, односно до крајот на годината.

Како што образложи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција овие две одлуки се носат по консултација со бизнис секторот и врз анализи на надлежните институции.

„По широката и конструктивна дискусија со трговците и на мало и големо, како и компаниите за производство на прехранбени производи и претставници на Стопанската комора, за да нема заблуда кај претставниците од секторот трговија, денеска беше целосно укината Одлуката за забрана на акции и промоции. Бидејќи одредени трговци на мало ја толкуваа претходната Одлука дека немаат можност да имаат акции и промоции, сега со последното прецизирање, односно измена и дополнување на Одлуката и производителите и дистрибутерите и трговците ќе имаат можност да ги стават сите земјоделски и прехранбени производи на акција и промоција“ кажа министерот Бектеши.

Во однос на втората Одлука министерот појасни дека податоците на терен покажуваат дека мерката за намалување на цените на основните прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ има простор да важи до крајот на годината.

„Во однос на втората Одлука согласно сите анализи и разговори со Државниот пазарен инспекторат, со Секторот трговија во Министерството за економија, а имајќи во предвид дека е подготвен финалниот текст на Законот за нефер трговски практики, кој треба за кратко време да биде доставен во Собранието, а очекуваме да биде изгласан од пратениците, одлучивме мерката за намалување на цените на дел на основните прехранбени производи, како и знакот „гарантирана цена“, наместо до 30 ноември да важи до крајот на годината. Тоа ќе значи дека потрошувачите ќе бидат заштитени од евентуално повторно зголемување на цените“ кажа министерот Бектеши.

Согласно Одлуката за 10% намалени цени кои што се применувале на 1 август 2023 година во трговија на мало, како и безалкохолни и алкохолни пијалоци ќе важи до 31 декември 2023 година.

Станува збор за следните производи:

1)         ориз бел, во пакување од 900 g до 1 кг;
2)         брашно пченично тип 400 и тип 500;
3)         бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 гр (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
4)         други пекарски производи;
5)         бисквити „Petit Beurre” и бисквити обични и посни од 300 до 500 гр;
6)         наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 гр;
7)         тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 гр;
8)         јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;
9)         свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;
10)      мелено месо свинско и јунешко;
11)      пиле свежо или замрзнато (цело);
12)      пилешки стек свеж или замрзнат;
13)      чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;
14)      пилешка посебна салама  (без слајс пакување);
15)      паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 гр;
16)      трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%,  во пакување од 1 л;
17)      јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%,  во пакување од 1  л и 1,5 л;
18)      кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500 гр;
19)      павлака од кравјо млеко  со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 гр ;
20)      традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);
21)      традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);
22)      свежи јајца од кокошка;
23)     светло пиво во пакување од 0,33l во лименка, 0,5 l во стаклено шише и 1,5 l во
пластично шише и лагер пиво;
24)    газирани и негазирани пијалоци (сокови), со исклучок на енергетски пијалоци и
25)    минерална, газирана и негазирана природна изворска вода.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте