spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Засилена соработка со Штаерска за уште поблиски односи со Австрија

МНР: Засилена соработка со Штаерска за уште поблиски односи со Австрија

Австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон, оствари посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

“Штаерска, како значаен европски инвеститор, има значително економско присуство во регионот на Западен Балкан. Шпаркасе, Граве и уште неколку други инвестиции од Штаерска говорат за високото ниво на економска соработка, што има за цел да придонесе за побрз економски развој, но и за одржливост на нашата економија, носејќи нѐ чекор поблиску до ЕУ”, истакна Османи, посочувајќи дека со оваа посета се отвораат нови можности за поврзување и соработка во различни секторски области – образование, наука, истражување, економија, климатски политики, екологија, земјоделство, локална самоуправа меѓу нашата држава и австриската покраина Штаерска.

Министерот Османи искажа целосна подготвеност за натамошна динамика во соработката со Штаерска, надоврзувајќи се на силната економска соработка, која е симбол на долгогодишното партнерство со Австрија, воедно заблагодарувајќи се што меѓународната агенда на Штаерска e фокусирана токму на Западниот Балкан.

 

Министерот Османи и штаерскиот министер потпишаа Заедничка декларација за соработка меѓу Република Северна Македонија и Покраината Штаерска (Република Австрија), како и Писмо за намери за пристапување на Република Северна Македонија кон Алпе-Адриа Алијансата, регионална иницијатива, со чија поддршка ќе може да ги користиме програмите и структурите на ЕУ во интерес на нашиот евроинтегративен процес.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте