Членството во Европската Унија носи придовки за нашите граѓани и за градење добрососедски односи со земјите од регионот.
Со мојата колешката од Република Косово, министерката за правда, Албулена Хаџиу, разговаравме за заедничката визија, заедничките вредности и заедничките предизвици со кои се соочуваат нашите земји.
Реформите во правосудниот систем, независноста на системот и професионалноста на избраните носители на судската власт се едиствениот пат за враќање на довербата на граѓаните и обезбедување на функционален и праведен систем.
Република Северна Македонија и Република Косово имаат многу позитивни искуства кои може да ги споделат за успешно чекорење кон европскиот пат. Ние сме чекор пред отварање на преговорите со Европската Унија, и бележиме напредок во многу области, што претставува корисно искуство за Косово.
Од друга страна, Република Косово е успешна приказна и пример за регионот во сферата на дигитализација на правосодниот систем, процес кој е приоритет и за нашата земја.
Извор: Министерство за правда