Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска оствари средба со амбасадорот на Индија, Н.Е. Санџаи Рана.
На средбата амбасадорот Рана ја пренесе поканата на министерот за животна средина, шуми и климатски промени на Индија, Бупендер Јадав до министерката Шукова за учество наонлајн состанок на министри за животна средина во рамките на Самитот на Гласот на глобалниот југ кој ќе се одржи во ноември годинава.
На овој Самит ќе се презентираат заклучоците од Г20 Самитот веќе се одржа во септември годинава Њу Делхи, Индија, што се однесуваат на областа животна средина и климатски промени.
Исто така, разговараа за можностите за пристапување на нашата држава кон Меѓународната соларна алијанса чија основа за формирање е Париска Декларација за Меѓународна соларна алијанса усвоена во ноември 2015 на UNFCCC COP 21. Во оваа алијанса членуваат 94 земји меѓу кои и држави од ЕУ како што се Германија, Холандија, Италија, Грција, а е во партнерство со меѓународни организации како што се Европска банка за инвестиции, УНЕП, УНИДО и други.
Седиштето е во Индија и индиската Влада до сега има контрибуирано со 28 милиони долари за инфраструктура и основен корпус за организацијата. Основна цел на оваа платформа за соработка е да се мобилизираат преку 1000 милијарди долари од Владата на САД, наменети за инвестиции за употреба на соларна енергија до 2030 г.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање