spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Дигиталната трансформација е фундаментална реалност на денешницата и иднината, но единствено...

МВР: Дигиталната трансформација е фундаментална реалност на денешницата и иднината, но единствено во чекор со предизвиците на новото време ќе бидеме од полза на општеството и граѓаните

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Охрид присуствуваше и имаше обраќање на Вториот глобален Самит за дигитализација на тема – Процесот на дигитализација и дигитална трансформација како предуслов за интероперабилност меѓу судовите и другите државни органи во коорганизација на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во  правосудството  поддржан од ТAIEX од Брисел и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Спасовски рече дека кога зборуваме за процесот на дигитална трансформација треба да имаме предвид дека таа не претставува само имплементација на нови технологии и алатки во процесите на работење, туку во својот фокус го има човекот неговите потреби со цел олеснување на секојдневните обврски, забрзување и достапност  до сите услуги кои ние како јавен сектор ги обезбедуваме за граѓаните. Така што дигитализацијата сама по себе не е трансформација за технологијата, туку за човекот.

„Министерството за внатрешни работи навремено ја увиде потребата од дигитална трансформација на општеството, а со тоа и на самото Министерство, и одговорно и динамично пристапи кон практична имплементација во трансформацијата на нашето општество во дигитално општество. Министерството за многу краток период, изработи софтверски решенија и веб сервиси кои се од сопствен развој,  изработи и дава преку 93 услуги преку Националниот портал за физички и правни лица и  во моментов се работи на уште 40 услуги најголем дел од нив се електронски кои се во фаза на одобрување, верификација и внесување во Националниот портал.“, потенцираше  Спасовски.

Спасовски образложи дека Министерството за внатрешни работи континуирано работи и на дигитализација на своите интерни процеси потенцирајќи го Одделот за информатика и телекомуникации, кој  како сопствен развој пред извесно време ја стави во употреба новата апликација за работа со матичен број, која ја сметаме за една од најкомплексните апликации во Министерството со што се овозможи поголема ефективност за вработените, помало чекање на шалтер од страна на граѓаните како и можноста за поврзување со Управата за водење матични книги преку платформата за интероперабилност, која ќе се реализира за краток период. Исто така, беше ставен во употреба и нов софтвер за работа со странски државјани и баратели на азил со што се овозможи целосно систематизирање на досегашните податоци, стандардизација во процесите на работење, како и негова целосна интеграција со системот за лични документи.

Дигитализацијата е комплетно завршена и на друг дел на системите на МВР и тоа Националниот радио-комуникациски систем ТЕТРА комплетно награден со нов хардвер и софтвер, Центарот за опоравување од катастрофи во Прилеп кој има капацитет на резервен податочен систем за сите државни и институции од јавен интерес, Системот за видео надзор за контрола на пристап во седиштето на МВР, Системот за дигитална телефонија и Системот за бројот за итни интервенции на полицијата „192“ и неговата интеграција со системот „112.“

Спасовски на крајот од своето обраќање  констатираше дека дигиталната трансформација е фундаментална реалност на денешницата, но и на иднината, како за бизнисите, така за јавниот сектор и институциите кои мора да бидат подготвени да го дигитализираат пристапот до своите процеси и услуги имајќи ги предвид секојдневното динамично живеење и потребите на граѓаните и дека единствено во чекор со предизвиците на новото време ќе можеме да бидеме од полза на општеството и на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте