Младиот Карате Клуб „Дојран“ од Дојран со своите девет натпреварувачи под менторство на тренерот Лилиана Упчева учествуваа на 20-от Карате турнир „Bucharest Contact Open“ што викендов се одржа во Романија и освоија вкупно осум медали и Пехар за најуспешна екипа на турнирот.
Во „жетвата“ на медали тие на градите понесоа: ЕДЕН ЗЛАТЕН медал, ДВА СРЕБРЕНИ и ПЕТ БРОНЗЕНИ медали.
Пехарот за „Најуспешен карате клуб на турнирот“ и освоено ПРВО МЕСТО екипно на турнирот што го освои КК „Дојран“ им го додели Претседателот на Романската Карате Федерација.
Нашите млади и надежни каратисти се натпреваруваа во конкуренција со 69 клуба од 6 земји. На настанот се регистрирани 1550 учесници и 900 натпреварувачи.
Браво каратисти!
Вие навистина сте нашата гордост!
Извор: Општина Дојран