spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДојран: Пехар За Прво Место Екипно И Освоени 8 Медали За КК...

Дојран: Пехар За Прво Место Екипно И Освоени 8 Медали За КК „Дојран“ На WFK Турнир Во Романија

Младиот Карате Клуб „Дојран“ од Дојран со своите девет натпреварувачи под менторство на тренерот Лилиана Упчева учествуваа на 20-от Карате турнир „Bucharest Contact Open“ што викендов се одржа во Романија и освоија вкупно осум медали и Пехар за најуспешна екипа на турнирот.

Во „жетвата“ на медали тие на градите понесоа: ЕДЕН ЗЛАТЕН медал, ДВА СРЕБРЕНИ и ПЕТ БРОНЗЕНИ медали.

Пехарот за „Најуспешен карате клуб на турнирот“ и освоено ПРВО МЕСТО екипно на турнирот што го освои КК „Дојран“ им го додели Претседателот на Романската Карате Федерација.

Нашите млади и надежни каратисти се натпреваруваа во конкуренција со 69 клуба од 6 земји. На настанот се регистрирани 1550 учесници и 900 натпреварувачи.

Браво каратисти!

Вие навистина сте нашата гордост!

 

 

 

 

 

Извор: Општина Дојран 

Прочитајте

Пробиштип: ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 23 и 24 мај

0
На 23.05.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден 24.05.2024 (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши...