spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Меморандум за соработка со „Макпетрол“ за имплементација на Кампањата „Крени...

Гевгелија: Меморандум за соработка со „Макпетрол“ за имплементација на Кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“

Општина Гевгелија се приклучи на општествено-одговорната
Кампања на „Макпетрол“ „Крени глас против врсничкото насилство“. За таа цел, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и директорот на „Макпетрол“, Марија Јосифовска- Спасова потпишаа Меморандум за соработка, преку којшто се утврдуваат активностите за спроведување на Кампањата во основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија. Согласно Меморандумот за соработка, во училиштата ќе бидат организирани едукативни предавања од стручен психотерапевт за учениците од 6., 7., 8. и 9. одделение на тема врсничко насилство и ќе се дистрибуира едукативен материјал.
– Со задоволство се приклучивме во Кампањата на „Макпетрол“ протил врсничкото насилство како една од заложните на локалната самоуправа да вложуваме во децата, бидејќи нивниот правилен развој е носител на промените за подобро општество, истакна Сарамандов.
„Макпетрол“ ја спроведува оваа кампања на подрачјата на неколку општини кои изразија желба за соработка со цел борба против и соочување со врсничкото насилство, негово препознавање и третман, истакна Јосифовска- Спасовска.
           – Најпрво, треба да се вложи значително повеќе внимание и енергија во кревање свест во јавноста дека се работи за широко распространет проблем којшто не би смеел да се прикрива, туку напротив, за него мора да се води суштински разговор. Убедени сме дека во сето ова едукацијата е од пресудно значење, а лицата кои што се обучени и кои што имаат практично искуство со случаи на булинг се најсоодветните за да ги пренесат знаењата поврзани со оваа тема. Преку комуникациските активности од нашата кампања, всушност, сакаме да го зголемиме интересот на јавноста за проблемот со врсничкото насилство, а со работилниците имаме за цел и во пракса да понудиме пристап за директна работа со децата, но и со просветните работници и, секако, со родителите, велат од „Макпетрол“.

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...