HomeОпштиниГевгелија: Изградба на нови улици и краци во Давидово

Гевгелија: Изградба на нови улици и краци во Давидово

spot_img
spot_img

Продолжува акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на локалната патна инфраструктура.

Во Давидово, се бетонирани нови улици и краци, коишто значително ќе ги подобрат условите за живот во ова населено место. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид на реализираните градежни зафати, а при посетата на Давидово оствари и средба со жителите на ова населено место. Притоа, заедно со жителите, го посети и подрачното училиште, каде што беше запознаен со фактичката состојба во училиштето и на училишното игралиште.

Заради подобрување на воспитно-образовниот процес, како и за обезбедување современи услови за реализација на училишниот спорт, градоначалникот Сарамандов најави реконструкција на игралиштето. За таа цел, ќе биде поставена современа подлога за фудбал, со што значително ќе бидат подобрени условите за спортување на учениците и младите, согласно барањата на жителите на Давидово.
– Моја и заложба на локалната самоуправа со конкретни зафати и вложувања да бидат подобрени условите за живот во секое населено место, истакна Сарамандов.

 

 

Извор: Општина Гевгелија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија