spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Дигитализацијата и безбедноста на мрежите и информациските системи се во фокусот

МИОА: Дигитализацијата и безбедноста на мрежите и информациските системи се во фокусот

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска одржа воведен говор на годишната Конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) во Скопје, под наслов: „Градење на дигитални мостови кон нашата заедничка дигитална иднина“.

 

 

Министерот Алиу потоа учествуваше и во првата сесија насловена како: „Сајбер безбедноста како предуслов за дигитална иднина”- Важноста на градење лидери кои ќе предводат во процесот на јакнење на национални и регионални капацитети во делот на сајбер отпорност и сајбер безбедност.

Во своето излагање, министерот меѓу другото истакна дека безбедноста на мрежите и информациските системи се во фокусот на МИОА.

„Технологијата и дигитализацијата нудат и даваат вредности во сите сектори, во сите аспекти од нашата работа и секојдневниот живот. Дигиталната револуција е реалност, но исто така и работа во прогрес. Се разбира, дигитализацијата на нашите системи, бази на податоци и критична инфраструктура има и свои недостатоци“, рече Алиу, нагласувајќи дека зајакнувањето на сајбер безбедноста, каде што технолошката војна станува пософистицирана и ,,построга”, е предизвик кој бара внимание, посветеност и соработка:

„Сајбер безбедноста е едно од најважните прашања и е главен фокус на нашето Министерство. Затоа, приоритетна иницијатива на МИОА, која исто така беше поддржана од Владата, е формирањето на Агенцијата за дигитализација, која ќе служи како главна и одговорна институција за спроведување и координација на дигиталната трансформација. Постојат многу предизвици во областа на сајбер безбедноста и тоа не само за јавниот сектор, туку и за приватниот сектор. Сите сме во иста позиција. Само преку соработка, сериозни инвестиции можеме да одговориме на предизвиците во иднина“, заклучи Алиу.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна...

0
Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик - Министер за Јавна администрација. Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик - Министер на Министерството...