HomeМинистерстваМП: Работна група за реформа на Судскиот Совет

МП: Работна група за реформа на Судскиот Совет

spot_img
spot_img

Министерството за правда ја известува јавноста дека во текот на идната недела ќе биде формирана работна група која ќе има за цел да работи на реформа на Судскиот Совет. Во работната група ќе бидат вклучени претставници на Здружението на судии, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на академската заедница и експерти од соодветната област. Воедно, во насока на обезбедување на сеопфатност на целиот процес покана за учество во работната група ќе биде доставена и до претставниците на најголемите политички партии во земјата.

Во насока на обезбедување на поголема експедитивност и ажурност, работната група ќе започне со работа веднаш по формирањето, а дополнително до истата ќе бидат доставени забелешките и коментарите од Извештајот од Оценската мисија која од страна на Европската Унија беше спроведена во земјата. Наводите од овие извештаи работната група ќе ги адресира во конкретните законски одредби заради надминување на лоцираните слабости во однос на законските решенија и нивната примена во практиката.

Министерството за правда би сакало да го истакне значењето од реформата на Судскиот совет  како орган кој ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните и целокупната јавност во судскиот систем.

 

 

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија