HomeМинистерстваМЖСПП: 30 годишнината од стандардизацијата во Република Северна Македонија и 20 години...

МЖСПП: 30 годишнината од стандардизацијата во Република Северна Македонија и 20 години од основањето на Институтот за стандардизација

spot_img
spot_img

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска присуствувaше на 21-та седница на Собранието на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.

Во поздравното обраќање, Оџаклиеска ја истакна добрата соработка меѓу двете институции, особено во стандардизација на методите за анализа на отпадни и површински води, почва, бучава што ги применува Централната лабораторијата за животна средина.

– Министерството за животна средина и просторно плaнирање останува отворено за соработка и подготвени сме да го дадеме нашиот придонес во унапредувањето на оваа област и усвојување на стандардите кои се неоходни за нашата работа и кои ќе придонесат кон подобрување на состојбата со заштита на животната средина – истакна заменик министерката.

2_ zamenik_StandardizacijaНа оваа седница, воедно, беа одбележани 30 годишнината од стандардизацијата во Република Северна Македонија и 20 години од основањето на Институтот за стандардизација.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија