spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Министерот Османи со бројни билатерални средби во Берлин

МНР: Министерот Османи со бројни билатерални средби во Берлин

На маргините на министерската конференција посветена на ЕУ проширувањето во Берлин насловена „Проширена, посилна Унија”, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари одвоени билатерални средби со министерката за надворешни работи на Република Словенија, Тања Фајон, со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ, како и со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман.

На средбата со Фајон, Османи ја поздрави поддршката на Словенија за постепената интеграција на земјите кандидати во Европската унија, односно концептот “Повеќе интеграција, пред членството”, инициран од Османи.

„Словенија е силен и отворен поддржувач на пристапниот пат за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и на перспектива за членство за сите земји од Западен Балкан” нагласи Османи.

Ја оцени неодамна потпишаната Заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу Северна Македонија и Словенија како многу добра платформа за натамошно интензивирање на билатералната соработка. Османи изрази задоволство од отворањето на директната линија Скопје – Љубљана, што дополнително ќе придонесе за воведување нова динамика во економската, трговската, но и зголемувањето на обемот на туристичката размена.

 

На средба со новоименуваниот министер за надворешни работи на Црна Гора, Ивановиќ стана збор за тековниот реформски курс на двете земји, целосната хармонизација со Заедничката надворешна и безбедносна политика и јасна посветеност членството во ЕУ да се реализира во што поскоро време.

„Ја делам убеденоста дека членството во ЕУ и пред 2030 г. е сосема реално и можно“ истакна Османи.

Тој го информираше министерот Ивановиќ за процесот на уставни промени и внесувањето на шест заедници во Уставот, меѓу кои и црногорската.

Во фокус на средбата Османи-Лурман беше традиционалното партнерство меѓу Северна Македонија и Сојузна Германија, значајната соработка во рамки на НАТО, ОН и ОБСЕ како и поддршката за европската интеграција на Северна Македонија.

Во текот на средбите стана збор и за други актуелни прашања од надворешната политика.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЈА: Состанок на мрежата на CAF кореспонденти во Будимпешта на Регионалното...

0
Во организација на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) и Eвропскиот институт за јавна администрација (EIPA), викендов се одржува состанок на мрежата на CAF...