spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Продолжува соработката со ЕБРД во насока на позитивно влијание врз домашната...

МЖСПП: Продолжува соработката со ЕБРД во насока на позитивно влијание врз домашната економија

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со новиот директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД),  Фатих Туркменоглу.

На средбата, министерката му посака топло добредојде на Туркменоглу во нашата држава, и изрази задоволство од досегашната успешна соработка и за искажаната  поддршка што ЕБРД и ја дава на Владата на РСМ, во насока на позитивно влијание врз домашната економија и подобрување на животот на граѓаните.

Се разговараше и за тековните активности на Регионалниот проект за цврст отпад, што започна да се спроведува оваа година, и во чии рамки ќе се воспостават и развијат регионални системи за управување со отпадот во петте плански региони во нашата држава.

Соговорниците дискутираа и за новите можности за користење на одржливи обврзници (Sustainable bonds) и зелени обврзници (green bonds) кои даваат понатамошни можности за користење на финансиски ресурси во функција на унапредување на одржливи проекти од аспект  на животната средина, енеригија и енергетска ефикасност.

 

 

 

Извор: Министерство за  животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МТ: Мицкоски – Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во...

0
Почитуван амбасадор на ЕУ, Михаил Рокас, Почитуван шеф на канцеларијата на ЕБОР, Фатих Туркменоглу, Почитувани заменици претседатели во Владата, директор на Македонски железници инфраструктура, директор на...