spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Започна реконструкција на улицата Никола Карев

Град Скопје: Започна реконструкција на улицата Никола Карев

Се реализира уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје” за реконструкција на улицата Никола Карев и тоа од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до крстосницата со улица Ѓуро Ѓоновиќ.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изврши увид во отпочнување на градежните работи за реконструкција на улицата Никола Карев во општината Центар.

 

– Станува збор за фреквентна улица која поврзува клучни сообраќајници во Скопје, која е во непосредна близина на Меѓуградската автобуска станица. Реконструкцијата на улицата Никола Карев се реализира на барање на граѓаните со што исполнуваме уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје” затоа што потребите на граѓаните се наш приоритет – истакна градоначалничката Арсовска.

На улицата Никола Карев се врши реконструкција на коловозот, нивелација на шахтите и на сливниците, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, а градежните работи ги изведуваат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта Скопје”.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...