spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Шарени цветчиња

Карпош: Шарени цветчиња

По повод роденденот на Општина Карпош, есенско сонце ги огреа малите шарени цветчиња кои продефилираа низ Општината. Разиграните цветчиња и широките весели насмевки, беа дел од традиционална манифестација ,,Цветно дефиле’’, која се одржа во дворот на ООУ ,,Лазо Трповски”.

Со богата музичка програма, детската манифестација, го одбележа  47-от роденден на локалната самоуправа. Во присуство на градоначалникот Стевчо Јакимовски и делегации од збратимените општини, започна роденденската забава со звуците на детската музика. Првиот човек на Општината, Јакимовски со задоволство ги поздрави шарените цветчињи и им пренесе убави пораки.

-Ова есенско сонце секоја година грее и ни го разубавува овој празничен ден, бидејќи вие сте дел од секој роденден. Вие сте иднината на оваа Општина, потенцијалот лежи во вас. Ви посакувам безгрижно да растете, вредно да учите, и да се градите како примерни граѓани на оваа локална заедница и на државата – истакна Јакимовски.

Учениците од основните училишта и од градинките дојдоа да ја честитаат годишнината на Општина Карпош. Тие маршираа по улиците на Карпош, со заеднички пораки за мир, соживот и свест за екологијата. Среќен роденден Општина Карпош.

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте