HomeОпштиниГрад Скопје: Градоначалничката Арсовска ко-претседаваше со ЗКК меѓу Македонија и ЕУ Комитетот...

Град Скопје: Градоначалничката Арсовска ко-претседаваше со ЗКК меѓу Македонија и ЕУ Комитетот на региони

spot_img
spot_img

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска претседаваше со 22-от Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) меѓу Македонија и ЕУ Комитетот на региони. Комитетот го отворија градоначалничката Арсовска, заедно со Јасна Габриќ од Словенија, како ко-претседавачки на ова заедничко тело.

 

– По одличната средба во Брисел, големо задоволство ми е да бидам денеска тука и да презентираме се што е направено во изминатиот период и што треба да се адресира во следниот период, како и да дискутираме на теми од интерес на локалните самоуправи во контекст на евроинтеграциските процеси. Европскиот комитет на региони има законска должност да ја претставува ЕУ во долгорочна мисија да им помогне на земјите-партнери да се подготват за членството во ЕУ. Затоа на денешните тематски панели зборуваме за добри практики и позитивни примери од членките на Советот на Европа во однос на тоа што треба да се фокусираме во тие процеси во наредниот период, со цел општините да бидат целосно подготвени бидејќи над 70 проценти од регулативата на ЕУ се однесува на локалните власти – истакна Арсовска.

На денешниот состанок се дискутираше за две теми, првата посветена на активностите и состојбите околу пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија, а втората тема беше посветена на  владеењето на правото и улогата на локалните заедници во борбата против говорот на омраза, злосторствата од омраза, лажните вести и странското влијание.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија