spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМК: Водич за аплицирање на Конкурсот за доделување на месечни надоместоци на...

МК: Водич за аплицирање на Конкурсот за доделување на месечни надоместоци на самостојните уметници за 2024 година

Министерството за култура преку Конкурсот за доделување на месечни надоместоци на самостојните уметници за 2024 година, објавен на 1 ноември, ќе го стимулира и помага уметничкото творештво на самостојните уметници.

Од Буџетот на Република Северна Македонија ќе бидат обезбедени средства како месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за данокот на личен доход на самостојните уметници.

Електронското пријавување, на конкурсот кој трае до 1 декември, се спроведува преку Националниот портал за е-услуги.

К О Н К У Р С за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2024 година – Министерство за Култура (kultura.gov.mk)

За таа цел како потсетник за аплицирањето и олеснување на постапката за електронско пријавување, Министерството за култура подготви водич: презентација која што на апликантите ќе им ја олесни постапката со објаснување на чекорите како полесно електронски да се пријават во системот.

Постапката (чекорите) за аплицирање на Конкурсот за доделување на месечни надоместоци на самостојните уметници за 2024 година од Министерството за култура се следниве:

1.    Преку линкот „Најави се“ пристапувате до Системот за единствена најава (СЕН) https://uslugi.gov.mk

2.    Надградба на кориснички профил – Нивото на електронска идентификација може да го надоградите на шалтер или со сертификат. Доколку профилот ви е на основно ниво, надоградете го ниско ниво за да продолжите на следниот чекор, повеќе на следниот линк https://etu.uslugi.gov.mk/pages/home

3.    Проверка дали е надограден корисничкиот профил и откако ќе се најавите потребно е да изберете правно лице.

4.    Внесете ги податоците што се бараат, односно ја пополнувате апликацијата како што ви бара системот.

5.    Откако ќе ги внесете податоците кликнете на копчето „Поднеси“. Ја проверувате апликацијата што ви ја составил системот и ја поднесувате пријавата.

6.    Потоа ви се појавува целосната пријава за конкурсот за самостојни уметници и откако ќе стиснете „Потврди“ ве носи на следниот чекор, прикачување документи.

7.    За успешно аплицирање откако ќе ги прикачите документите притиснете „Поднеси документи“ за што ќе добиете потврда.

Помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси се објавени на веб-страницата на Министерството за култура(kultura.gov.mk).

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...