spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Вработените присуствуваа на тродневната обука за зајакнување на тимската работа

АПЈ: Вработените присуствуваа на тродневната обука за зајакнување на тимската работа

Од 1 до 3 ноември 2023 година во Маврово, Агенцијата за примена на јазикот на РСМ организираше обука за справување со стресот на работното место, како и за зајакнување на тимската работа, на која нејзините вработени со голем интерес ги следеа предавањата и обуката од страна на обучувачи овластени од надлежни институции.

 

Обуката ја отвори директорот на АПЈ, Ардиан Муслиу, кој ја истакна потребата и важноста од комуникација и соработка меѓу вработените, особено за надминување на тешкотиите во текот на работниот процес.

Обуката ја одржа Академијата „Литера“ од Тетово, на која нејзините претставници интерактивно развија дијалог со вработените на АПЈ преку прашања и одговори, како и со адекватни објаснувања за различни ситуации при секојдневната работа.

Во оваа прилика беше нагласена потребата од создавање свест за справување со стресот за да се постигне целосна ефикасност во работата. Исто така, тие особено го истакнаа создавањето тимски дух во работењето, што претставува клуч за успех и ефикасност во остварувањето на целите во текот на работата.

На крајот од обуката на вработените на АПЈ им беа доделени сертификати за успешно завршена обука.

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...