spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на Светскиот конгрес Smart City Expo

МЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на Светскиот конгрес Smart City Expo

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествува на Светскиот конгрес Smart City Expo, кој оваа година се одржува во Барселона, Шпанија.

Taa имаше свое обраќање во панел дискусијата: „Истражување на урбаните транзиции во Медитеранот: Вообичаени предизвици во медитеранскиот регион и примери за најдобри практики на пристапи за урбана транзиција (на меѓународно – национално ниво)“.

Заменик министерката Оџаклиеска го истакна значењето на вклучувањето на климатските промени во изработка на просторните планови, како основна насока за креирање на климатско отпорни урбанистички решенија. Таа посочи дека, доколку не се делува превентивно на адаптација на климатските промени преку соодветни плански решенија, ќе се соочуваме со последици од евентуални климатски катастрофи. Затоа, визијата за просторно уредување на нашата земја треба да се преслика во планската документација од пониско ниво.

Светскиот конгрес Smart City Expo е највлијателен настан посветен на урбаните иновации, каде што лидерите од повеќе големи компании, влади и организации имаат можност да претстават иновативни идеи, истражувања, анализи, визии и решенија поврзани со развојот и иднината на градовите.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте