HomeМинистерстваМЛС: Вложуваме во порамномерен регионален развој заради подобрување на квалитетот на живеење...

МЛС: Вложуваме во порамномерен регионален развој заради подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните

spot_img
spot_img

Денеска во Скопје министерот за локална самоуправа Ристо Пенов имаше состанок со српскиот министер надлежен за рамномерен регионален развој,  Едвин Џерлек.

На состанокот се разговараше за искуствата на двете земји во спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој и за напредокот во процесот на интегрирање во Европската Унија.

Министрите истакнаа дека е многу важно рамномерниот регионален развој да биде поттикнуван со средства од буџетот на државата, но важно е да се градат капацитети и за поголема апсорбција на средства од ИПА фондовите на Европската Унија.

Рамномерниот развој треба да обезбеди подобри услови за живеење во помалку развиените подрачја и општини, но и да го поттикне вкупниот развој на државата и на регионот.

Исто така беше нагласено дека е потребно да се зајакнуваат капацитетите за спроведување на иновативни решенија, да се следат развојните цели и мерки во документите на ЕУ и да се аплицираат добрите пракси од земјите членки на Европската Унија.

Министрите изразија задоволство од соработката меѓу двете земји, од користењето на средствата од ИПА Програмата за прекугранична соработка, што исто така има влијание на рамномерниот регионален развој. Предизвици постојат, беше речено, но важно е соработката да продолжи и да наоѓаме решенија за поголемо поврзување, за побрз развој на регионот и за подобрување на квалитетот на живеење на нашите граѓани.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија