spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО- Календар за пошумување 2023 година

МЗШВ: АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО- Календар за пошумување 2023 година

Шумите се нашите бели дробови, наше природно и национално богатство, кон кое сите ние треба одговорно да се однесуваме и да ги чуваме. Како министерство, наша задача, но и на сите нас како граѓани, е да се грижиме и да ги чуваме нашите шумски убавини и редовно да вршиме обновување со нови садници.

Годинешната акција за пошумување Ајде да пошумуваме заедно на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Национални шуми има за цел засадување на 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната акција, започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година и опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела.

Планираните активности за пошумување за ноември и декември се следните локации:

–      Во Делчево на локацијата Стар Истевник пошумувањето ќе се одржи на 13, 15 и 17 ноември. На оваа локација на површина од над 96 хектари, засадени ќе бидат садници на бел бор, смрча, црн бор и багрем, а кон акцијата за пошумување ќе се приклучат Сојузот на извидници на Македонија, учениците од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ и компанијата Телеком.

–      Во Берово на локацијата Будинарски рид пошумувањето ќе се одржи на 17, 20, 22 ноември. На оваа локација на површина од 51 хекатар, засадни ќе бидат садници на црн бор, бел бор и јасен. Кон акцијата за пошумување ќе се приклучат Халкбанка, КБ Пензинско друштво, СУГС „Орце Николов“  и Сојузот на извидници на Македонија.

–      Во Куманово на локацијата Кокино пошумувањето ќе се одржи на 26 ноември и 5 декември. На оваа локација на површина од 61 хектар, засадени ќе бидат садници на бел бор, црн бор и ариз.чемпрес, а кон акцијата за пошумување ќе се приклучат Сојузот на извидници на Македонија и команијата ДМ Дрогерии.

–      Во Велес на локацијата Новачани пошумувањето ќе се одржи на 27 ноември. На оваа локалција на површина од 33 хектари засадени ќе бидат садници на багрем, јавор и јасен, а кон акцијата за пошумување ќе се приклучи здружението Менендмаунтаин.

Нашата успешна соработка со општествено одговорините компании и грѓански здруженија ја потврдивме од минатата година, кога заедно во 21 регион пошумивме повеќе од 300 хекатри, засадувајќи над 800.000 садници.

Се повеќе општествено одговорни компании и здруженија на граѓани се приклучуваат кон оваа акција, но и со свои иницијативи за пошумување и збогатување на шумскиот фонд во државата. Една од тие убави иницијативи доаѓа од Халкбанка која изрази желба заедно со министерството и ЈП Национални шуми за реализирање на голема петгодишна донација на садници за пошумување, која треба да достигне вкупна бројка од 1 милион садници.

Зелената транзиција за нас е еден од петте клучно поставени приоритети за работа на министерството, а пошумувањето е една од нашите цели за успешно реализирање на зелените принципи. Да им оставиме на идните генерации чиста, зелена и европска држава.

Ги повикуваме сите граѓни љубители на природата да ни се приклучат во оваа голема акција за пошумување. Ајде да пошумуваме заедно, ајде заедно да ги чуваме и унапредуваме шумите. За нас, за нашите деца за нашата заедничка иднина.

Календарот за пошумување 2023 година можете да го преземете тука. 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте