Вчера Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ одржа работна средба во очи утрешниот годишен состанок на КОСТ (Европска соработка за наука и технологија, организација за научно-технолошко вмрежување во Европа) на кој ќе присуствуваат високи претставници на СОЅТ од триесетина земји членки.
На средбата Вицепремиерот истакна дека учеството на македонските научници и споделувањето на искуството, вмрежувањето преку најголемата организација за научно технолошко вмрежување КОСТ е од големо значење за развој на општеството, и науката воопшто.
Маричиќ ја истакна информацијата дека според овогодинешниот извештај за Северна Македонија за 2023 година, во рамките на поглавјето 25 кое се однесува за наука и истражување, нашата држава има постигнато добро ниво на подготвеност во таа област.
Нашата држава како земја преговарач, успеа да искористи златна прилика за активно учество во истражувачките програми на ЕУ, дури и пред формалното членство.
Членството на Северна Македонија во КОСТ е мошне важно за нашата успешна реализација на членство во ЕУ.
Интелектуалната класа во македонското општество треба да биде движечка сила во демократскиот развој на државата со посебен акцент на потребата дека истражувачите, научниците да бидат директно вклучени во преговорите со ЕУ.
На средбата беше истакнато дека една од стратешките цели на КОСТ е задржување на младите истражувачи во своите држави преку куси програми за унапредување , градење капацитети и професионално доусовршување.
На утрешниот состанок ќе се разгледуваат важни прашања за статусот на СОЅТ во новата 10-та рамковна програма за наука и технологија Хоризонт Европа на ЕУ од каде и се финансираа оваа програма.
Нашиот македонски тим на истражувачи сега игра клучна улога во значајни проекти, фокусирани на иновации, истражување и наука. Ние тврдиме дека научното истражување и размената на искуства се витални за напредокот на нашето општество.
На средбата присуствуваа, директорот на КОСТ, Роналд де Браун, раководителката на одделот за политики Урсула Кастро, Советникот Елвин Рајминк од КОСТ и професорот Зоран Поповски како претставник на извршниот одбор на КОСТ.
Извор: Влада