МОН: Исаки во Брисел, заедно со министрите за надворешни работи од Западен Балкан

МинистерстваМОН: Исаки во Брисел, заедно со министрите за надворешни работи од Западен...

Најчитано

Заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки во Брисел, заедно со министрите за надворешни работи од Западен Балкан, учествуваше на неформалниот состанок со министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, на покана на потпретседателот на Европската комисија и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ.

 

Согласно иницијативата на потпретседателот на Европската комисија Борељ за засилена соработка со Западен Балкан, состанокот, претставуваше можност за дискусија околу модалитетите како дополнително да ја зајакнеме соработката меѓу државите од регионот и ЕУ во областа на Заедничката надворешна и безбедносна политика.

Северна Македонија продолжува да биде одговорен и доверлив партнери на ЕУ и НАТО во поддршката на Украина. Заменик министерката потсети дека токму земјите од Западен Балкан минатата година имаа најдобри резултати за надворешната, безбедносната и одбранбената политика.

Како признание за нашата неприкосновена евроатлантска определба бeше поздравена целосната усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе