spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу ја пречека на работна средба амбасадорката на САД Н.Е...

МИОА: Министерот Алиу ја пречека на работна средба амбасадорката на САД Н.Е Анџела П.Агелер

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу вчера оствари работна средба со амбасадорката на САД во Скопје, Н. Е. Анџела Прајс Агелер.

 

Министерот Алиу ја информираше амбасадорката Агелер за приоритетните активности во МИОА. Во фокусот на разговорите беше одличната соработка, како и главните проекти што Министерството за информатичко општество и администрација ги презема во областа на дигиталната трансформација и реформите во јавната администрација.

„Блиската соработка за стратешките прашања од главните области кои ги покрива нашето министерство, како и суштинското партнерство со САД за унапредување на економскиот развој на земјата, беа главните теми на оваа денешна средба, која беше доста плодна“.

„Уверен сум дека и во иднина амбасадорката Агелер ќе дава важна поддршка за дигитална трансформација на државата, во иновативните области како што се технологијата и сајбер безбедноста“, – заклучи Алиу.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...