spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Поддршка на НЕЕТ групата на млади

Град Скопје: Поддршка на НЕЕТ групата на млади

Иновативните проекти што ги имплементира Градот Скопје за поддршка на НЕЕТ групата на млади и предизвиците со кои тие се соочуваат беа главните теми на панел дискусиите и работилниците што се одржуваат во средното училиште на ГрадСкопје „Владо Тасевски“, а на кои младите невработени луѓе и средношколците кои се во својата 4. година од средното образование имаат можност да разменат искуства и да стекнат знаења кои ќе им помогнат полесно да се вклучат на пазарот на трудот.

 

Панел дискусиите ги отвори градоначалничката Данела Арсовска која пред младите ја истакна важноста од континуираното учење, вложување во своето образование и стекнување вештини.

 

– Младите луѓе во Скопје имаат можност да учат во најдобрите училишта во нашата земја со квалитетен наставен кадар кој соодветно посветува внимание и на образовниот и на воспитниот процес. Преку овие работилници и обуки младите луѓе се стекнуваат со знаења и искуства кои ќе им помогнат да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Тие се само уште една потврда дека со добро осмислени чекори може многу да помогнеме на секој млад човек професионално да се реализира во својот град. Младите луѓе и обезбедувањето на нивната иднина заземаат централно место и во програмата „За модерно Скопје“. Градот Скопје посветено работи на иновативни програми за нивно вклучување во сите активности зашто единствено преку инвестирање во знаењето на младите луѓе инвестираме во нашата иднина – истакна градоначалничката Арсовска.

На панел дискусиите беа разменети искуства за важноста на професионалните обуки и нивното влијание врз кариерата на младите, за воспитната улога на училиштето во градењето проактивни млади луѓе и за младинското учество во средношколски и во студентски организации.

Панелистите, меѓу другото, дискутираа и за справувањето со конфликти, за развивањето комуникациски вештини и за лидерството.

 

Паралелно на панел дискусиите се одржаа три работилници за развивање на комуникациски вештини, презентациски вештини, за пишување лична биографија и портфолио, а предвидени се и бесплатни сертифицирани обуки со што се вложува во образованието и директно се овозможува на младите луѓе да бидат поконкурентни на пазарот на труд.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте