HomeОпштиниГрад Скопје: SKOPJE IT MEETUP и на САЕМ на претприемништво ги обедини...

Град Скопје: SKOPJE IT MEETUP и на САЕМ на претприемништво ги обедини иноваторите и младите

spot_img
spot_img

Градоначалничката Данела Арсовска вчера присуствуваше на SKOPJE IT MEETUP и на САЕМ на претприемништво што се одржаа во просториите на средното училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“.

 

Градот Скопје на едно место собра амбициозните ентузијасти од технолошките струки, искусни професионалци и претприемачи визионери кои споделија искуства за важноста на дигиталните технологии, кои се привлечни за младите луѓе кои својата иднина ја гледаат во сферата на информатичката индустрија.

На панел дискусии беа претставени новитетите во ИТ сферата, а се разговараше и за примената на асистивната технологија, за подемот на гејминг индустријата, примената на UX/UI дизајнот и за дизајнирање на иновативен  ИТ продукт.

Искусни инвеститори и претприемачи на панелот споделија искуства и совети за успешно инвестирање во иновации и стартапи, и за претприемништвото во образованието.

Градоначалничката Арсовска по завршувањето на панел дискусиите ги посети штандовите на ученичките компании коишто се претставија во рамките на  Саемот за претприемништво. Целта на саемот е да ги претстави можностите за вработување пред младите и да ги поврзе работодавачите со потенцијалните нови вработени во нивните компании.

Младите луѓе присутни на ИТ настанот имаа можност да учествуваат и во три работилници – за развојни вештини, за UX/UI дизајн и за одржливи бизнис практики.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија