HomeОпштиниГрад Скопје: Реновирано Одделението за литература за деца во „Браќа Миладиновци“...

Град Скопје: Реновирано Одделението за литература за деца во „Браќа Миладиновци“ Скопје

spot_img
spot_img

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со директорката на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, Снежана Стојчевска го отворија реновираното Одделение за литература за деца.

 

Одделението е модерно уредено со елементи, книги и содржини кои ќе ја поттикнат детската желба за читање и креација, а е наменето за читатели од предучилишна и училишна возраст, односно за деца до 14 години.

Ова е воедно реализација на уште еден проект од програмата За модерно Скопје.

– Библиотекатата „Браќа Миладиновци“ е основана пред 78 години и голема радост за сите присутни е што денес го отвораме ова реновирано одделение за литература за деца, со што ја потврдуваме нашата грижа за најмладите кои се иднината на Македонија. Оваа библиотека цели 78 години вложува во развојот на библиотекарството, работи на тоа да ја направи книгата достапна до сите читатели уште од најмала возраст и нема ништо поубаво од тоа кога тука ги гледаме искрените детски насмевки.– истакна градоначалничката Арсовска.

 

Библиотеката за следната година предвидува отворање на катче со специјални изданија на Брајово писмо за слепи и слабовидни, како и изданија прилагодени за деца и лица со дислексија.

 

Одделот за литература за деца во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје располага со книжен фонд од над 20.000 книги.

 

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија