spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Се проширува опфатот на „Зонското паркирање“ на неколку нови локации

Аеродром: Се проширува опфатот на „Зонското паркирање“ на неколку нови локации

По барање на граѓаните, а како резултат на заложбите на општината за воведување ред во паркирањето и сообраќајот, по надминување на административните пречки, вчера во Општина Аеродром започна реализацијата на проектот „Зонско паркирање“ кој ќе се реализира во две фази и се очекува да заврши до крајот на годината.

Првата фаза ги опфаќа формирање и обележување на паркинг зони на булеварот „Јане Сандански“, како и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“, а втората фаза ќе ги опфати Реонски центар и Ново Лисиче, по завршување на анкетата која ќе се спроведе во следниот период.

Аеродром станува урбана и зелена општина, со доволен број паркинг-места и организиран систем за паркирање. Со проширувањето на опфатот општината го реализира ветувањето за обезбедување доволен број слободни паркинг-места за жителите на Аеродром и отстранување на хаварисаните возила.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...