spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: - „Одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството...

Маричиќ: – „Одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството на Северна Македонија во Европската Унија го става во неизвесност и реформскиот процес„

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ се обрати на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања при Собранието на Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Маричиќ во своето обраќање се осврна на пакетот за проширување на Европската Комисија која оваа година, се разликува во неколку аспекти од претходните, коишто Стратегијата за проширување и извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство ги сместуваат во еден посебен геостратешки контекст, ова како резултат на војната во Украина, а и во актуелниот период и воените дејствија во Израел, односно во Газа кои иницираа околности за забрзување на процесот на проширување на Европската Унија за кој Брисел поттикна две сериозни новости кои го определуваат новиот пристап за забрзување на процесот на проширување на Унијата.

„Првата е проширувањето на пакетот земји кандидати кои се опфатени со најновата Стратегија за проширување, којшто покрај шесте земји од Западен Балкан, ги вклучува уште и Украина, Молдавија и Грузија, а втората, исклучително значајна новина е Планот за раст на економиите на Западен Балкан, кој има за цел да воведе дополнителна динамика во евроинтегративните процеси на земјите од регионот и силна посветеност и одлучност со значајна финансиска поддршка да го поддржи забрзувањето на реформите, особено во делот на прилагодување на националните економии со стандардите на земјите членки на ЕУ„- објасни Маричиќ.

Планот за раст е финансиска но и политичка инвестиција на Европската Унија за Северна Македонија којашто изрази јасен став дека има потреба и сака да ја види нашата земја во европското семејство. Истиот го потврди и оценката за добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија нотиран во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на нашата земја во 2023 година, како и посветеноста на реализацијата на овој План за раст и прв трансфер на средства за само пет месеци од сега се гледа и преку ангажманот на Европската Комисија – објасни Маричиќ.

На своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека Пакетот за проширување и Извештајот на Европската Комисија за нашата земја, како и Планот за раст, се најважните пораки, за што не смееме да си дозволиме да ги пролонгираме роковите кои се јасно определени. Одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството на Северна Македонија во Европската Унија го става во неизвесност и реформскиот процес според ЕУ стандарди.

Вицепремиерот Маричиќ се осврна и на најновиот Извештај за реформскиот напредок за Северна Македонија, Европската Комисија запиша дека земјата ги спроведува реформите согласно ЕУ стандардите и секојдневно работи во исполнувањето на обврските, на укажувањата во Извештајот гледаме како на препораки за утврдување приоритети во наредниот период и како на важен показател за нашиот напредок. Во делот на функционирањето на демократските институции, Европската Комисија посочува дека е потребно да има конструктивен и инклузивен политички дијалог во Собранието. Особено за реформите поврзани со Европската Унија. Комисијата како и секогаш, и овој пат, дава објективен пресек на состојбите и напредокот во реформите и ги идентификува областите каде треба да ги зголемиме напорите и да испорачаме повеќе резултати.

Во оваа насока Маричиќ потенцираше дека оценката на Европската Комисија за вкупната подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“. Таа е солидна константа неколку години наназад, нема уназадување во ниту едно поглавје, споредено со другите земји во регионот, од кои некои многу порано ги почнаа преговорите, а Северна Македонија бележи напредок.

Шпанското претседателство со Советот на ЕУ го достави писмото со кое ја повикува Република Северна Македонија да ги достави патоказите кои се наша обврска која произлегува од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија усвоена на 19 јули 2022 година. Со цел нивна подготовка, на начин наведен во самото писмо, преку суштински консултации и преку инклузивен процес, ќе предложиме одржување на заедничката седница на Национален совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања при Собранието на Република Северна Македонија за разгледување на Нацрт патоказ за Владеење на правото и Нацрт патоказ за реформа на јавната администрација, а паралелно, ќе одржиме консултации и со граѓанското општество, стопанските комори, академската заедница.

На крај на својот говор вицепремиерот Маричиќ истакна дека ние сме веќе пред втората фаза на преговорите што ја потврдува и констатацијата на Комисијата дека процесот на скрининг процесот се одвива непречено, а земјата и Владата на Северна Македонија покажуваат високо ниво на посветеност, и секое одлагање, стопирање и отворање на нов процес за утврдување на преговарачката рамка е апсурд и неодговорен политички волонтаризам. Особено за едно вакво стратешко прашање од посебен и исклучителен интерес на граѓаните и за иднината на Северна Македонија.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЕТ: Германија е наш најголем трговски партнер и поддржувач во реформите...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија Петра Дрекслер. Министерот Дурмиши на средбата...