spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Бесими - Се менува структурата на буџетот, со високи капитални инвестиции

МФ: Бесими – Се менува структурата на буџетот, со високи капитални инвестиции

Предлог-буџетот за 2024 година ја менуваме економската слика во земјата. Имаме проекции за повисоки расходи и приходи, но понизок дефицит и капитални расходи од 733 милиони евра. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир  Бесими во интервју за Централниот дневник на МРТ во кое потенцира дека е најважна структурата на буџетот.

 

„Она што е важна е каква е структурата на Буџетот, бидејќи станува збор за пари на граѓаните и стопанството, што преку даноци се финансираат сите потреби. Така во предлог-буџетот за 2024 година имаме многу повисоки позиции во однос на претходната година. Приходите се планираат со раст од 10%, расходите со раст од 5,8%, што значи намалување на дефицитот на 3,4%, кој во 2020 година, во време на Ковид беше 8%. При тоа имаме зголемување на  капитални расходи кои од 262 милиони евра во 2020 година  се зголемуваат на 733 милиони евра, што е повеќе од два пати. Исто така,  имаме 18% раст во делот на плати, а притоа  намалување на дефицит на 3,4%, кој во 2020 беше 8% од БДП“, истакна министерот Бесими.

 

Тој потенцира дека веќе е воспоставен тренд на реализација на капитални инвестиции од над 70-80% и дека во оваа година веќе се реализирани 500 милиони евра инвестиции од планираните 730 милиони евра кои се пак за 95% повеќе во споредба со претходната година.

 

„Имаме големи инфраструктурни проекти и тоа конкретни проекти кои се познати како автопатиштата на Коридор 8 и 10д, железничката пруга од Коридорот – 8 кон Бугарија, каде имаме грант, исто така финансирани проекти од ЕБОР за НОМАГАС и други како во образование здравство, енергетика. Тоа се конкретни проекти кои се веќе во тек и кои ја менуваат економската слика за идната година.

 

Министерот очекува дека реализацијата на планираните капитални расходи, односно јавните инвестиции заедно инвестициите во приватниот сектор, за кои, исто така, има повеќе програми, ќе бидат моторот за економски раст, кој е проектиран на 3,4%.

 

„Растот на економијата е проектиран на 3,4%, а на што најголемо влијание ќе имаат јавните инвестиции кај кои има раст од околу 8%, како и потрошувачката која ќе забележи раст со оглед на растот на платите кој е веќе реален од април наваму со оглед на тоа што раст на платите ќе има и во наредната година, а имаме едноцифрена инфлација“, посочи Бесими и додаде дека инпут ќе има и приватниот сектор.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...