spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Амбициозните климатски политики – предизвик и можност за државите

МЖСПП: Амбициозните климатски политики – предизвик и можност за државите

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари билатерална средба со амбасадорката  на Сојузна Република Германија во Скопје, Петра Дрекслер, по барање на амбасадорката, а во пресрет на 28-та Конференција на Страните на UNFCCC.

На средбата се дискутираше за очекувањата на двете држави во однос на претстојната конференција. Заеднички беше ставот дека е неопходно успешно завршување на првиот глобален преглед, бидејќи тој треба да ги даде насоките за следните циклуси на ревизија на националните придонеси кон Договорот од Париз и финансирање на активностите за постигнување на целите за намалени емисии на стакленички гасови и подобрена отпорност, поставување на јасна цел за адаптацијата, мобилизација на приватен капитал, како и операционализација на фондот за загуби и штети.

Ваквата цел побарува од сите држави засилување на спроведувањето на политиките за декарбонизација, но на одговорен и праведен начин овозможувајќи пристап до енергија за сите.

3_Sukova_germ.ambasadorkaОна со кое настапуваме ние како држава е дека со сопствен пример покажуваме дека имањето визија и амбициозни долгорочни и среднорочни цели се потребни и нужни, а нивната реализација е остварлива со заедничка и партнерска акција.

Министерката Шукова заклучи дека за нас, како држава, многу е важно интегрираниот пристап во адресирање на глобалните и европските предизвици. Во таа насока таа информираше за статусот на нацрт Законот за климатска акција што е влезен во владина постапка.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте