spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Позитивниот извештај од ЕУ за напредокот во земјодеслтвото е потврда за...

МЗШВ: Позитивниот извештај од ЕУ за напредокот во земјодеслтвото е потврда за посветената работа на министерството и мотив да продолжиме со уште позасилено темпо

Последниот Европски извештај дава добра оценка во делот на земјоделството, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во своето гостување во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 Вести. Тој додае дека Европската Унија јасно нотира постигнат значителен напредок во текот на известувачкиот период во сите области на земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната, фитосанитарната и ветеринарна политика и рибарството како и во подготовките на Акцискиот план 2021-2027 за Националната стратегија за земјоделство и рурален развој, вклучувајќи ги и мерките за финансиска поддршка од Националната програма за развој на земјоделството 2023-2027.

„Во извештајот се нотираат закони како донесениот закон за зоотехника, новиот закон за советодавни услуги кој е во собраниска процедура, подготвените закони за земјоделство и уредување на пазарите, за органско производство и новиот закон за рибарство кој е во владина процедура. Ова е доказ за посветената работа и труд што ги вложуваме како министерство, но и мотив да продолжиме со уште позасилено темпо, сигурно кон европското семејство. Извештајот исто така, јасно укажува и посочува, дека веднаш треба да престанат блокадите во Собранието и предложените закони да се усвојат во парламентот“, истакна министерот Николовски.

Европскиот извештај јасно го констатира добриот напредок во руралниот развој и искористеноста на ИПАРД 2 програмата, новата програма за школски шеми во училиштата и градинките, напредок во контрола на болеста кај животните, развиениот нов фитофармациски информативен систем, новото ортофото снимање.

Поддршката која ја добиваме од Европската Унија е важна и придонесува во развој и модернизација на македонското земјоделство.

Нашата цел е полноправно членство во Унијата, истакна министерот Николовски, додавајќи дека токму во таа насока министерството за земјоделство овој период посветено работи на повеќе активности, со цел усогласување на трите области земјоделство, шумарство и водостопаснтво, со регулативите на Европската Унија, а посветеноста на министерството е препознаена и вреднувана во последниот извештај на Унијата.

Дополнително последните најави од Европската Унија за вклучување на Западен Балкан во единствениот пазар отвараат можност македонските земјоделски производи да се пласираат на пазарот во Европската Унија, под истите услови како за земјите членки на Унијата. Тоа би значело дека македонската зелка ќе може да се пласира на пазарот во Европската Унија под исти услови како зелката од Полска. Македоснкиот бостан да биде еднакво третиран како и грчкиот. Македонскиот ориз и јаболката да добијат нови пазари, македонскиот производ да стане препознатлив и конкурентен  на пазар од 450 милиони потрошувачи, кои живеат во земјите членки на Европската Унија.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...