spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Светскиот ден на детето одбележан со зголемување на капацитетите во градинките

МТСП: Светскиот ден на детето одбележан со зголемување на капацитетите во градинките

По повод Светскиот ден на детето кој се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Кисела Вода го одбележаа отпочнувањето на работата на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “. Доградбата обезбедува место во објектот за уште 56 деца. За доградбата градежните работи ги инвестираше Општина Кисела Вода додека Министерството за труд и социјална политика инвестираше во набавка, испорака и монтажа на опрема во вредност од 1.377.671 денар. На одбележувањето беа присутни Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Во изјавите за медиуми ЗПВРСМ, Фатмир Битиќи ги истакна досегашните достигнувања на Владата на Република Северна Македонија во однос на детската заштита со фокус на досегашните инвестиции во нови објекти.

„Од почетокот на мандатот на Владата во периодот од 2017-2023 година, отворени се вкупно 83 градинки или проширување на градинки низ целата држава, со кои е зголемен капацитетот на деца за околу 8.000 нови места. Во моментов од 80 општини колку што има низ цела држава, во 75 од нив имаме отворени градинки а со новата градинка која ќе се отвори во Арачиново, оваа бројка ќе биде 76. Градинките не се само градежен проект, туку инвестиција во потенцијалот на секое дете. Инвестираме во секое дете! Градиме едно општество за сите!“ рече Битиќи.

 

Тренчевска потенцираше дека денешниот потфат ја одразува непоколебливата посветеност за поттикнување на инклузивно, правично и прогресивно општество, истакнувајќи дека тоа ги потврдува вредностите на Владата. Таа посочи дека министерството ја препознава основната важност на достапно и квалитетно образование во раното детство.

„До крајот на 2023 година, планираме да отвориме дополнителни капацитети, кои обезбедуваат грижа и образование за 529 деца, До крајот на 2024 година, нашата цел е да создадеме дополнителни 1.653 места и тоа во Гостивар, Прилеп, Велес, Арачиново, Кочани, Василево, Липково, Дебар, Могила, Гевгелија, Чаир, с. Ерџелија и Делчево. Ова се цврсти чекори кон градење посветла иднина за нашата заедница, негувајќи го потенцијалот на секое дете и поддржувајќи ги семејствата во нивната потрага по квалитетна грижа за децата“ изјави Тренчевска.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте