spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваИнвестициите во сите општини се подеднакво важни, Ѓорче Петров продолжува да биде...

Инвестициите во сите општини се подеднакво важни, Ѓорче Петров продолжува да биде во фокусот на инвестиции на централната власт

Заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беа на посета во три локации во Општина Ѓорче Петров: Центарот за култура, објектот „Сонце“ од градинката „Росица“ и прочистителната станица во село Орман.

 

Претставниците на Владата на Република Северна Македонија во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров се сретнаа со едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ и Ансамблот „Глигор Прличев“. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во изјавата за медиуми истакна дека здружението и ансамблот со кој денеска се оствари средба се вистински пример како се чуваат културните вредности, традицијата и народните обичаи со пренесување на нивното знаење на најмладите генерации. Таа посочи дека секоја година од страна на Министерството за култура се зголемува поддршката за проекти од областа на фолклорот.

„Вкупната буџетска ставка за 2023 година за фолклорната дејност изнесува 46.8 милиони денари, од кои само за поддршка на Програма и други корисници се издвоени над 41.5 милиони денари. Одобрените средства за проекти на Конкурс за општини и локални установи, здруженија, културно уметнички друштва, ансамбли и физички лица изнесуваат 24.2 милиони денари, средства чии корисници се и едукативно фолклорно здружение „Седум осмини“ и Културно уметничкото друштво „Глигор Прличев““, изјави Костадиновска – Стојчевска.

Заменикот на Претседателот на Владата Бојан Маричиќ и министерките Тренчевска и Костадиновска-Стојчевска по посетата на Центарот за култура во Ѓорче Петров и подрачната библиотека на „Браќа Миладиновци“, го посетија објектот „Сонце“ од градинката „Росица“ во Волково. Овој објект спаѓа во една од најголемите инвестиции кои Министерството за труд и социјална политика ги има реализирано преку Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го реализира министерството со поддршката на Светска Банка.

„Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршката на Светска Банка издвоивме значителни 85.928.460 денари за изградба и дополнителни 6.292.161 денари за опремување на објектот „Сонце“ во градинката „Росица“ во Волково. Оваа инвестиција е потврдување на посветеноста на Владата за обезбедување на најдобри капацитети за нашите деца“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека со оваа инвестиција 150 деца добија место во предучилишните јавни установи. Министерката истакна дека Владата обезбедува пристап до квалитетно образование, инклузивна средина и можности за напредок за секое дете.

Завршната точка која ја посетија претставниците на Владата беше прочистителната станица во село Орман која што е инвестиција од европски средства преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА фондовите.

„Вложивме 330.000 евра само во Општина Ѓорче Петров, со што се решава еден многу важен проблем на жителите на селото Орман, на градот, околината и директно влијае на подобрување на условите за живот и животната средина. Жителите на селото Орман се соочуваа со сериозен недостиг од основни јавни услуги односно пристап до еколошки системи и третман на отпадни води во селото Орман во Ѓорче Петров. Загадените подземни и површински води, како и предизвиканата контаминација на почвата, ги нарушуваат постоечките норми за безбедност на храната и квалитативните норми за производство на здрави и безбедни земјоделски производи “, рече Маричиќ.

Вицепремиерот во својата изјава го искажа своето уверување дека Република Северна Македонија до 2030 година ќе биде полноправна членка во Европската Унија и истакна дека сите придобивки и можности многукратно ќе се зголемат.

На посетата на инвестициите во Ѓорче Петров беа присутни и пратеничките од Собранието на Република Северна Македонија Санела Шкријељ и Даниела Маркоска.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за...