spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Една година успешно функционирање на градинката „Мило мое“ во Чучер Сандево

МТСП: Една година успешно функционирање на градинката „Мило мое“ во Чучер Сандево

 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ ја одбележаа годишнината од постоењето на градинката „Мило мое“ во Чучер Сандево.

 

Во градежните активности општината Чучер Сандево инвестираше 11 милиони денари. Додека Министерството за труд и социјална политика вложи 8 милиони денари и дополнителни 7.5 милиони денари за современа опрема. Градинката има капацитет за 110 деца.

Тренчевска и градоначалникот Комненовиќ посакаа уште многу успешни години работа на градинката. Министерката истакна дека во јавните детски установи се градат идните генерации на лекари, занаетчии, правници и лидери посочувајќи дека токму преку воспитно образовниот процес се влијае на правилниот раст и развој на децата. Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи да вложува во детската и социјалната заштита. Тренчевска рече дека во периодот кој што следи ќе се слават уште многу инвестиции и среќните детски насмевки.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна...

0
Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик - Министер за Јавна администрација. Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик - Министер на Министерството...